Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Најстудено на Попова Шапка со -4 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
popova-sapka

Во земјава утрово се измерени ниски температури, при што најстудено било на Попова Шапка, каде температурата се спушти до -4 степени Целзиусови.

Под нулата било и во Берово со -1 степен, додека нула степени се измерени во Маврови Анови и Крушево.

— реклама —

Температура од 2 степени е регистрирана во Охрид, Тетово и Претор, додека 3 степени се измерени во Крива Паланка и Штип.

— реклама —

Во Битола, Прилеп, Куманово, Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени, додека најтопло утрово било во Струмица, Гевгелија и Виница со 5 степени, како и во Скопје (Петровец и Зајчев Рид) и Велес со 6 степени.

Во изминатите 24 часа најмногу врнежи се регистрирани на Попова Шапка, каде наврнале 4 литри на метар квадратен, додека во Претор се измерени 1 литар на метар квадратен.

— реклама —

Снежната покривка на Попова Шапка утринава изнесува 58 сантиметри.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на места повремено ќе засилува. Максималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер, а во одделни делови од котлината ќе има услови за повремен слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Македонија | пред 2 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 1 седмица

media-library461tvpu1ea3297yRpFw

Претежно облачно со дожд, утринските температури од 6 до 11 степени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања