Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Најстудено на Попова Шапка: Температурата падна до -9 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
2-2

Најниска утринска температура во земјава е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спушти до минус 9 степени. Во останатите делови од државата температурите беа повисоки, но сепак под нулата во повеќе градови, при што минус 4 степени се измерени во Крушево, а минус 3 во Берово и Маврови Анови.

Во Битола се измерени минус 2 степени, додека во Охрид и Претор минус 1. Во Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Крива Паланка и Прилеп температурата достигна нула степени, додека нешто потопло беше во источните и јужните делови од земјата.

— реклама —

На Попова Шапка е регистрирана и најголема снежна покривка, која изнесува 59 сантиметри.

Според прогнозата, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, додека попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.

— реклама —

Максималната дневна температура ќе се движи од 9 до 16 степени. Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 15 степени, проследено со слаб до умерен северен ветер.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања