Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Најстудено на Попова Шапка со 3 степени, денеска дожд и променливо облачно време

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Најниска минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка, каде што живата во термометарот се спуштила до 3 степени Целзиусови. Студено утро е регистрирано и во Маврови Анови со 5 степени, додека во Берово се измерени 6 степени.

— реклама —

Минимални температури од 7 степени се измерени во Крива Паланка и Битола, а 8 степени во Крушево и Охрид. Во Прилеп, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец и Велес утринската температура изнесувала 9 степени.

Во Кавадарци и Куманово се измерени 10 степени, во Струмица 11, во Демир Капија 12, а најтопло утро имала Гевгелија, со минимална температура од 13 степени.

— реклама —

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне, во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

— реклама —

Максималната дневна температура ќе се движи од 16 до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, а претпладне ќе има услови за појава на слаба магла. Попладне, во делови од Скопската Котлина се очекува повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во изминатите 24 часа, до 8 часот утрово, најмногу врнежи се регистрирани во Гевгелија, каде што наврнале 4 литри на квадратен метар. Во Претор се измерени 1 литар на квадратен метар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

IMG_2960

Денес дожд и магла во делови од Македонија, температурата до 20 степени

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
271957282_480992096753139_6073821672417444389_n

Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 22 степени

Македонија | пред 1 ден

258795493_465931921694283_9183676635682098414_n

Облачно утро и северозападен ветер, температурата до 23 степени

Македонија | пред 2 дена

media-librarykr8hik32amhla2RiMGa

Сончево време со температури до 26 степени, во Скопје до 25

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања