Промени тема
Контакт

Највисок раст на пензиите, во просек по 900 денари и 3.000 денари помош за сите пензионери, вели Лазарова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Постигнат е договор за рекордно и досега најголемо зголемување на пензиите за околу 330.000 пензионери. Исклучително важно во време на продлабочена енергетска криза, вели Цветанка Лазарова, заменик претседателка на Форум на Пензионери на СДСМ

„Усвоена е нова методологија за континуиран раст на пензиите, за достоинствен живот на пензионерите.

Според швајцарски модел усогласувањето на пензиите ќе биде два пати годишно и се врзува за порастот на трошоците за живот со 50%, и за растот на просечна плата, исто така во висина од 50%.

Со оваа нова методологија, пензионерите со просечна пензија која во моментот е 16.300 денари, од септември, секој месец ќе имаат покачување од просечно 900 денари на својата пензија.

— реклама —

Просечно 900 денари на сметка е рекордно зголемување на пензиите во историјата на Северна Македонија.

Годишно, тоа се 12.000 денари плус пари во домашниот буџет на еден пензионер.

Покрај новата методологија за континуран раст на пензиите, владата обезбедува пакет финансиска помош за секој пензионер од по 1.000 денари, во месеците април, мај и јуни.

— реклама —

Овие дополнителни 3.000 денари за 330.000 пензионери се добредојдени во овој период на енергетска криза.

Почитувани пензионери, СДСМ и премиерот Ковачевски го исполнија ветувањето за ова најголемо зголемување на пензиите дадено при неговиот избор за премиер.

— реклама —

Покрај растот на платите, растат и пензиите, овозможуваме повеќе пари кај нашите највозрасни сограѓани и го унапредуваме нивниот животен стандард.

Се грижиме за пензионерите, да имаат спокоен и достоинствен живот“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања