Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Највисоки откупни цени на тутун, исплатени рекордни 26 милиони евра за тутунарите, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
tutun20prilep-2

Исплатени се рекордни 26,3 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година на сметките до 15.753 производители на тутун, вели СДСМ

„Како што беше најавено, Владата предводена од СДСМ во месец април ги исплати субвенциите и тутунарите веќе ги добиваат средствата на своите сметки.

— реклама —

Ова е историска и рекордна исплата. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа.

— реклама —

Откупот на тутунот од реколтата 2022 достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.

Истовремено, откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

— реклама —

Дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун, а вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

— реклама —

Ова е само еден во низата примери за вистинска грижа за земјоделците од страна на СДСМ.

Продолжуваме да инвестираме во земјоделството како стратешка стопанска гранка“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања