„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Најжешко лето досега: Само во изминатите три месеци светот се соочи со најтоплите јуни и август досега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
japonija-toplo-vreme

Летото 2024 година ги собори глобалните рекорди за топлина втора година по ред, што го прави веројатно најжешкото досега, објави денеска Европската служба за климатски промени Коперник (C3S).

— реклама —

Коперник почнал да ги снима временските услови во 1940 година, а тие записи ги користеле научниците за да потврдат дека летото на северната хемисфера - од јуни до август - било најтопло од прединдустрискиот период од 1850 година.

„Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден досега и најжешкото бореално лето“, рече заменик директорот на C3S, Саманта Бурџис.

— реклама —

Таа истакна дека екстремните временски услови ќе станат уште поинтензивни доколку земјите не ги намалат емисиите на гасови кои ја загреваат планетата, пренесува Ројтерс.

Променливата клима продолжи да предизвикува катастрофи ова лето, а во Судан, поплавите предизвикани од обилните дождови минатиот месец погодија повеќе од 300.000 луѓе и придонесоа за ширење на колерата во земјата разурната од војна.

Научниците, исто така, потврдија дека климатските промени предизвикуваат суша на италијанските острови Сицилија и Сардинија и дека го засилиле тајфунот Гаеми, кој ги проби Филипините, Тајван и Кина во јули, убивајќи повеќе од 100 луѓе.

Климатските промени предизвикани од човекот и природниот временски феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, доведоа до рекордно високи температури на почетокот на оваа година.

Коперник рече дека подпросечните температури во екваторијалниот Пацифик минатиот месец укажуваат на транзиција кон Ла Ниња, постудениот пандан на Ел Нињо, но и покрај тоа, рекордно високи температури се забележани во различни делови на светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања