Наќе Чулев откри колкави плати заедно земаат тројца директори од јавниот сектор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
349522107_905018580563003_6857266361590770033_n

Поранешниот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, обелодени прецизно колкави плати заедно земаат тројца директори од јавниот сектор, практично првите луѓе на трите државни агенции од јавниот сектор.

— реклама —

Станува збор за по околу три илјади евра месечно.

— реклама —

„За плати на директорите на трите државни агенции од безбедносниот сектор, само за еден месец граѓаните плаќаат речиси 10 илјади евра. Просечната плата на секој од нив согласно законски утврдениот коефициент и другите додатоци, е околу 3 илјади евра, на месечно ниво.

— реклама —

Кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, вкупната сума која државата ја двои секој месец за плати за само три лица односно Директорите на Агенција за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и Оперативно техничката агенција, изнесува фантастични 600.000 денари. На годишно ниво, само за директорите на овие три институции се трошат речиси 7.200.000 денари. Платата на секој овие три директори е повисока дури од платата на Претседателот на државата и Премиерот.

🇲🇰 Јас, вие и сите чесни и одговорни граѓани на Република Македонија, редовно и одговорно плаќаме даноци за енормно високите плати на лицата кои се поставени и работат исклучиво на спроведување партиски агенди и директиви, тргување со влијание, вршење притисок и следење на опозицијата, спроведување мобинг и закани врз вработените, неспроведување на законите, градење перцепција и клеветење кај меѓународната заедница дека опозицијата е анти ЕУ и пропагира и практикува македонски национализам и екстремизам, злоупотреба на процесот на издавање на безбедносни сертификати со цел елиминирање на политички неистомисленици ...и уште многу други работи.

Сите ние плаќаме илјадници евра за плати на луѓето кои се возат во луксузни и скапи возила, кои имаат цела армија обезбедувања и возачи, јадат скапи ручеци и единствено нешто што направија се низата скандали поврзани со безбедносните сертификати, спорните државјанства и пасоши на белосветски криминалци и фактот дека го доведоа безбедносно – разузнавачкиот систем во катастрофално, лоша состојба во каква што не бил во изминатите 30 години, сериозно нарушувајќи ги безбедносните капацитети на Македонија кои имаат основна цел зачувување на уставниот поредок на државата и територијалниот интегритет.

Одговорни, едуцирани и докажани професионалци на раководни позиции со високи морални вредности и интегритет. Тоа е критериумот кој го бара европската унија и НАТО. Астрономските плати се само начин на кој оваа власт продолжува да го осиромашува народот и да ја руши економијата на државата. Во услови на економска криза и сериозна сиромаштија, толку високи плати се уште една потврда за немањето грам срам и осет во редовите на политичките партии кои се дел од власта“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања