Налепница со „НМК“ треба да имаат и возилата кои имаат од старите регистарски таблици, на кои нема ниту „МК“ ознака. Ова е ставот на Министерството за внатрешни работи, кој произлегува од потпишаните правилници и закони од минатото раководство.
„Ве информираме дека сите станици за технички преглед имаат налепници со ознака НМК. Ве информираме дека налепница НМК треба да набават сите сопственици на возила чии регистарски ознаки немаат никаква ознака или имаат ознака МК“, велат од МВР за „Скопје1“.
И денеска во дел од станиците за технички преглед имаше гужви поради големата побарувачка на налепници. Најпотребни им се на граѓаните кои планираат да патуваат надвор од Македнија, а со оглед дека не можат да ја напуштат државата без ваква налепница.
(Видео) Лепенките „НМК“ и денеска прават гужви по техничките прегледи
И денеска во дел од станиците за технички прегледи редици и чекање за лепенки со „НМК“. Граѓаните во трка со времето, особено оние кои неделава треба да патуваат надвор од Македонија веќе оваа недела.Прво се пополнува кратко барање, во кое се содржат податоците за автомобилот и барателот. Барањето се дава на лице од шалтерот.Потоа, лице од техничката станица, ги лепи лепенките на таблиците. Со тоа завршува целата процедура.
Македонија | пред 2 години