Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Намален буџет на Агенцијата за филм - организаторите на фестивалите бесни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
agencija-za-film

Резултатите од последниот конкурс за подршка на проекти од национален интерес за 2019 на Агенцијата за филм предизвика реакции меѓу организатори на фестивали. Намалениот буџет на Агенцијата значи помалку средства за дел од фестивалите, а некои воопшто не се најдоа на листата.

Според резутатите по конкурсот Фестивалот на филмската камера „ Браќа Манаки“, годинава е единствен со зголемен буџет во однос на другите фестивали. За неговото 40 -то издание во септември, на сметката на организаторот- Друштвото на филмски работници на Македонија, ќе легне сума од 9, 5 милиони денари, што е за 1, 5 милиони повеќе од лани.

— реклама —

Фестивалот за европски филм „Синедејс“, со 17 изданија зад себе и единствен од Б-категорија во државата, годинава доби 1 милион денари помалку од ланскиот износ. За 2019 година му се одобрени 3 милиони денари, а лани добил 4.

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ реагира на целосно укинатата финансиска поддршка од Агенцијата за филм на РМ . Организаторите на фестивалот тврдат дека дури и ги надминуваат предвидените критериуми за разлика од некои други фестивали што добиле пари за 2019 година, а кои, како што се посочува во реакцијата, немаат вистинска филмска профилација.

— реклама —

Според конкурсните резултати, финансиска поддршка во 2019 година од Агенцијата за филм добиваат 18 фестивали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања