Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Намалена казната затвор за убиството на Саздо - казната била превисока

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
sudenje-sazdo

Основниот суд во Скопје денес изрече пресуда со која од 19 години затвор, ја намали на 16 години казната за Бесир Бела и Скендер Демири, за убиството на Никола Саздовски-Саздо. Преиначувањето на пресудата за МКД.мк го потврди законскиот застапник на семејството на оштетениот, адвокатот Ванчо Шехтански кој додава дека причина за намалување на казната од 3 години е тоа што, Судот сметал дека обвинетите биле млади лица и претходно изречената казна од 19 години била превисока.

— реклама —

За денеска  во 12 часот е закажано и рочиштето за третиот обвинет во овој предмет, Јетон Љужа кој беше во бегство, па фатен од полицијата. На утрешното рочиште Љужа треба пред судот да ја каже својата верзија за настанот.

Обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, првично беа осудени на затвор од по 19 години за убиство на свиреп начин. Настанот меѓу обвинетите и Никола Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда.

— реклама —

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања