Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Намалени се гужвите на „Табановце“ со „One Stop“ системот, вели Тошковски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-library2tg12q3i6ual5fIJ9Bi

Со воведувањето на заедничкиот „One Stop“ систем за гранични проверки на преминот „Табановце“ значително е скратено времето на чекање за патниците, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешната работна посета на границата.

„Системот кој ги интегрира проверките на двете страни овозможува побрз проток на луѓе, патници и стоки, со елиминирање на двојните контроли и минимизирање на чекањето. Ако лани времето на чекање во август достигнуваше 3 до 4 часа, оваа година е сведено на 30 до 60 минути,“ изјави Тошковски.

— реклама —

Податоците покажуваат дека во август 2025 година преку „Табановце“ поминале 1.602.939 патници, што е за 29% повеќе во споредба со август 2024, кога биле регистрирани 1.247.747 патници.

— реклама —
— реклама —

Министерот по посетата на преминот оствари средба и со раководството на СВР Куманово. Тој посочи дека безбедносната состојба во регионот е стабилна и мирна, со зголемена откривачка дејност во економскиот криминал и намален број сообраќајни незгоди со жртви.

— реклама —

„Со ставање во функција на системот ‘Safe City’, каде Куманово е меѓу првите три града, очекуваме значително зголемување на безбедноста и во сообраќајот и во јавниот ред и мир. Полицијата е целосно подготвена да ги гарантира демократските и фер избори во претстојниот процес,“ додаде Тошковски.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 7 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 7 часа

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 7 часа

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања