„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Намалување на бројот на смртни и новодијагностицирани случаи, најголем дел од регистрираните и натаму од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-1

— реклама —
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 30 ноември до 6 делември, 2020г. тестирани се вкупно 17.456 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2,  намалување од 7,0% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37%.

— реклама —
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30.11 до 06.12.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања