„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Намалување на цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Benzinski-pumpi-9

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

— реклама —

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.

— реклама —

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања