„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Намерно и организирано палење и превртување на контејнери во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
46522714_2076680562378145_8310874469241454592_n

Град Скопје реагира по вечерашното ново палење и превртување на контејнери во Скопје:

— реклама —

,,После вчерашниот апел до граѓаните да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици, денеска сме сведоци на уште еден вандализам, веднаш до новиот дрворед на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов каде денес беа посадени 40 дрвја.

— реклама —

Ваквото несовесно однесување на поединци освен штета, со ништо друго не придонесува да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина“-се вели во реакцијата.

— реклама —

Вчера, Град Скопје  и ЈП „Комунална хигиена“ апелираа до граѓаните правилно да го одлагаат отпадот од домаќинствата и да не ги оштетуваат и палат контејнерите поставени на градските улици. Во првите десет месеци од годинава на улиците во Скопје се запалени и целосно уништени вкупно 66 контејнери. Со ваквите постапки се создаваат големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад, а се нанесува и директна финансиска штета на јавното претпријатие.

За да се подобри хигиената во градот и да се зачува животната средина Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните својот кабаст отпад – стариот мебел, електронските и електричните апарати – да не ги фрлаат на јавните површини и да не ги оставаат до садовите за собирање на комуналниот отпад. Јавното претпријатие на граѓаните им нуди можност кабастиот отпад да го одложат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, или во претоварната станица што се наоѓа во Шуто Оризари. За оваа услуга не се наплатува паричен надоместок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања