Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Наместо бурми за регистрација, си нацртавме прстени со маркер: Љубовната приказна на Кике Цветче и Иван Ајнштајн

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
286034603_429505355849374_2776700711182340180_n

Кике Цветче и Иван Ајнштајн познати на македонската публика како јутјубери, заедно имаат преку 100 илјади следбеници на социјалните мрежи. Но, малкумина знаат дека се во брак повеќе од две години. Иван се презива Бошковски, а Кристина го задржа своето презиме и остана Цветкоска.

„Решив да го задржам моето презиме, оти ако го сменев, веќе немаше да бидам вистински 'Цветче', затоа што прекарот ми е од презимето“, вели Кике.

— реклама —

Таа не била типична невеста. На регистрацијата носела патики, а Иван бил облечен во дуксер. Немале ни бурми. Откако се венчале, си нацртале прстени со маркер.

„Нашите фамилии не беа на венчавката и уште имаат надеж дека еден ден ќе има некаква свадба. Требаше да имаме прослава во летото 2020, но се случи пандемијата. Ама и ако правиме свадба, штикли нема да носам, тоа е измачување за моите нозе“, раскажува Кике за „Репортер“.

— реклама —

Заедно се веќе осум години. Се запознале на факултетски протест. Муабетот им тргнал од прва и веднаш почувствувале блискост и голема поврзаност. Велат, и денес се најдобри другари кои можат да разговараат за сè и си помагаат во сè што прават. Па, кога пред една година Кике решила дека треба да ослабе, Иван ѝ бил најголемата поддршка. Сега таа има 40 килограми помалку и е среќна оти изгледа помладо и повитално.

Иван, пак, вели дека Кике му го дава најголемиот поттик да се занимава со музика. Тој неодамна го заврши својот прв албум и ќе го промовира на 15 јуни.

„Знаеш, јас пред да бидам јутјубер бев музичар. На девет години почнав да рапувам и го напишав првиот текст. Таа визија дека ќе станам познат јутјубер во Македонија сум ја немал никогаш. Само го правев тоа што ми е интересно и го објавував на Јутјуб“, ни кажа Иван.

Од каде им се прекарите Ајнштајн и Цветче, љубовната приказна на најпознатиот јутјуберски пар, кој пее, а кој слабее, ќе прават ли свадба, за животот на социјалните мрежи... гледајте го интервјуто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања