Промени тема
Контакт

Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, охриѓани за возврат добија двојно поголеми сметки за колектор, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272338648_1690697091131522_7467375549902334106_n

Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки за колектор и нови непродуктивни партиски вработувања, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Останаа само сликите и празните зборови и покрај спроведениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со кој се потврдува дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро кај Воска.

— реклама —

За ваквата неспособност и тоталната незаинтересираност за заштита на животната средина и езерото неопходна е оставка од директорот на ЈП „Колекторски систем“, Владимир Алексијоски.

— реклама —

Колекторот е нефункционален, а неажурноста на централната власт предводена од СДСМ да го реши проблемот е очигледна. СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за

— реклама —

решавање на колекторскиот систем со цел граѓаните да имаат чиста и квалитетна езерска вода“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања