Промени тема
Контакт

Наместо лажни напади, ВМРО-ДПМНЕ да расчисти со криминалците во своите редови, бара СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
SDSM-92

„Белата палата во очаен обид за пренасочување на вниманието од сите судски процеси, признанија за криминал, изборни измами, корупција во ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со лажни и неосновани напади врз високи функционери на СДСМ“, велат од СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„Небулозно е ВМРО-ДПМНЕ која стана најбогата партија во Европа, со велелепно седиште вредно 40 милиони евра да зборува за криминал и корупција.

Лефков повторно ја згреши адресата. Тој треба да го праша својот лидер Христијан Мицкоски, како со професорска плата и како советник за енергетика се станува бизнисмен со хидроцентрали.

— реклама —

Впрочем и функционери на ВМРО-ДПМНЕ самите признаа вина за криминал, нелегално финансирање, корупција, изборни измами, а се уште се водат бројни судски постапки за криминал, злоупотреби и корупција.

— реклама —

Наместо да ја замајува јавноста и да бара оправдание за докажаниот криминал, ВМРО-ДПМНЕ треба да расчисти со криминалците во своите редови“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања