Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Наместо мерки кои ништо нема да променат за загадувањето во Скопје, потребно е веднаш вклучување на владата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
skopje-vozduh-3

СДС продолжува да тера гол популизам и да собира политички поени за загадувањето во Скопје, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Седум години СДС и ДУИ се власт во државата и освен заклучоци и препораки на комисии СДС и ДУИ ништо немаат преземено. Без ниту еден капитален проект, без денар вложен за животната средина и справување со загадувањето во Македонија.

— реклама —

Наместо мерки кои се бледа шминка и нема ништо да променат во целата состојба со животната средина и загадениот воздух, владата предводена од СДС и ДУИ треба веднаш да се вклучат и да се направи целосна стратегија за овој горлив проблем кои ги мачи скопјани.

— реклама —

Додека Ковачевски пред медиумите зборува за ланскиот снег, треба веднаш да свика состанок со сите институции, вклучувајќи ја и Арсовска и да се подготви целосна стратегија која ќе почне да дава резултати со справување со загадениот воздух.

Наместо тајни средби за договарање на тендери и поставување на свои послушници по градските институции, Арсовска и Ковачевски треба да почнат да работат и да се грижат за здравјето на граѓаните.

Мерките кои ги предложи СДС се основна работа на градоначалничката Арсовска. Нека ги повика директорите на ЈСП, Комунална хигиена и Паркови и зеленило, нека ги повика и градските инспектори и веднаш нека почнат да работат.

Но СДС, ДУИ, Левица и Арсовска тоа не ги интересира. Нив ги интересира како може повеќе да украдат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања