Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Наместо на затворени игранки пред кооперации, ајде Таче охрабри се излези на избори да видиш народот што мисли за тебе, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-6453

СДС се свесни дека со Ковачевски и Зечевиќ е завршено. Тоа го покажа партиската игранка во полупразна сала додека говореше Ковачевски, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Освен по некој аплауз од нивните членови, граѓаните одамна имаат препознаено дека со оваа криминогена власт единствено што добиваат е рекордна инфлација и сиромаштија. Впрочем што друго да се очекува од власт која генерира криминал и корупција, која го партизира правосудството за да ги штити додека крадат, додека лица со досие наместо во затвор се поставуваат на функција.

— реклама —

Со оваа власт предводена од Ковачевски европска иднина нема, затоа што ја направија Македонија земја рекордер по мизерија, рекордер по раст на цени и по најниска стапа на раст на економија.

— реклама —

Единствено што функционира во државата е тендер коалицијата со ДУИ, во која патем, Ковачевски е тој кој исполнува, слуша и прашува дали треба уште нешто. Така седнати во скутот на ДУИ, партијата на Ковачевски се претвори во приврзок. Партиска игранка на СДС го покажа уште еднаш стравот на Таче од избори. Пишаните говори се единствениот начин Ковачевски да каже нешто пред граѓаните. Реалноста од која бега е дека граѓаните немаат ништо реално добро почувствувано од оваа власт и затоа бараат избори.

— реклама —

Наместо на затворени игранки пред кооперации, ајде Таче охрабри се излези на избори да видиш народот што мисли за тебе“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања