Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Наместо одговор како вакцини без аванс, Шеќеринска: Можевме и да не ви кажеме дека е вратен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot_53

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска вели дека сите земји во светот се соочуваат со недостиг на вакцини. Во одговор на новинарски прашања, каде беше побарано да го искоментира враќањето на авансот од Кина за вакцини, таа наместо одговор како може и натаму да се очекуваат вакцини од таму, рече „Можевме и да не ви кажеме за ова“.

— реклама —

„Врската помеѓу вакцините и НАТО не мислам дека е најлогичната. Но, станува збор за прашање кое има и безбедносни компоненти. Сите се соочуваме со сериозен недостиг на вакцини. Со исклучок на САД и Обединетото кралство, сите други држави се соочуваат со предизвикот како да обезбедат повеќе вакцини, но побрзо. Во таа смисла сме дел од светскиот проблем. Особено тешко е за мали држави, бидејќи кога ќе седнете со производителите сте мал фактор. Поради тоа што, бројките на вакцини кои нас ни се потребни за некои од земјите се статистичка грешка. Дури и ЕУ во преговорите со производителите се соочи со сличен проблем. Целта ни е час поскоро да обезбедиме функционална вакцина. Ќе ги правиме сите чекори кои ќе не донесат поблиску до целта“, рече Шеќеринска.

Тоа што Владата признала дека авансот од Кина за набавка на вакцини е вратен, за Шеќеринска е транспарентност и треба да се почитува.

— реклама —

„Сакам да зборувам за работи кои што целосно ги познавам и сум учествувала. Најсоодветно е да не се мешаме во работи за кои имаме информации од Влада. Мислам дека тоа понекогаш тоа може да не прави послаби, но како држава е чекор во вистинска насока, а тоа е дека никогаш информациите не ги криевме од јавноста – и кога се добри, но и кога се лоши вести. Можеше ова и да не го кажеме за да добиваме помалку прашања. Но, тоа не е начин на кој функционира оваа Влада. Подобро е да кажеме за проблемите со кои се соочуваме“, додава Шеќеринска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања