На 27.02.2019 во Полициската станица Тетово, Б.Ѓ.(37) од Тетово пријавил дека бил измамен од А.А.(36) од Тетово. Според пријавеното, А.А. нему и на негов колега им ветила дека за четири недели ќе им обезбедела работни визи за Германија.
За завршување на ветеното тие и ги дале патните исправи и по 270 евра, но потоа повеќе не им се јавувала и се посомневале дека биле измамени.
Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.