Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Наместо среќна со втората рожба,не може да стане од кревет за да си ги гушне децата, траумите кои ги преживува родилката од Дебар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
zena

Бевме многу среќно семејство и не ни помислувавме дека животот ќе ни се преврти наопаку, дека ќе поминуваме низ ваков кошмар, дека јас од безгрижна сопруга, мајка и здрава жена сега нема да можам да станам од кревет за да им се радувам на децата. Вака ја почнува својата животна приказна Јилдз Веапоска од Дебар, која пред неколку месеци радосно заминала во струшката болница за да се породи и по втор пат стане мајка, но место тоа, како што вели, сега не може да стане од кревет за да си ги гушне децата, постарото синче, кое има четити години и ќеркичката, која сега има пет месеци. Јавноста е згрозена од она што и се случи на Јилдз, од здрава и права жена која заминала да се породи, сега поминува пекол без три органи- матка, јајник и бубрег, објави  mms.mk. 

— реклама —

ММС ја контактираше Веапоска и уште на првото прашање-како си, таа низ солзи ни рече: „Како да бидам, кога не можам да станам од кревет, кога сеуште не може да ми влезе во глава што ми се случи и зошто поминувам низ овој пекол“.

Траумите во врска со оваа ситуација не ги има само Јилдз, туку и целото семејство. Особено, како што вели таа, синчето, кое има четири години и кое ја гледало драмата што се случувала во струшката болница, бидејќи заедно со татко му дошле да ја земат Јилдиз од болница со бебето, не помислувајќи дека место среќа ќе доживеат кошмар, кој ќе им го змени животот.

— реклама —

Јилдз вели дека досега никој не и кажал зошто струшкиот доктор и ги извадил органите, освен дека и ги извадил и дека имала обилно крварење, но не и зошто имала обилно крварење.

Текстот во целост на: mms.mk. 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања