„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Наместо во Бела палата или на други места, парите од покачените производи ќе се употребат за социјалните потреби, уверува Битиќи за „луксузните“ производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не можеше да одговори колкави пари државата ќе собере од покачувањето на ДДВ-то на одредени „луксузни“ производи и каде и за што ќе завршат собраните пари.

— реклама —


— реклама —

Тоа како што појасни Битиќи е дел од среднорочен план за даночни реформи.

— реклама —


„Ниедна даночна реформа не можете денеска да ја дефинирате и да кажете кој е денеска ефектот. На среден план и на долг рок тоа е можно да се направи. Одредени продукти мора да се знае дека не треба да имаат повласетна даночна стапка и тоа се средства кои на крај завршуваат кај нашите граѓани, за да се сервисираат социјалните потреби. И тоа не се средства кои се прибираат за да на крај завршат во друг систем, во Бела палата или на други места“, уверуваше Битиќи.


Според него, се ќе зависи од тоа колква ќе биде потрошувачката токму на тие производи.


„Но како што кажа и премиерот листата на производи во повластена даночна стапка е навистина еднa од најголемите во регионот“, подвлече вицепремиерот.


На прашањето дали на седница на Влада ќе биде прецизирано и предложено каде е потребна корекција на ДДВ-то Битиќи истакна: „Не можам јас да кажам и да ја земам улогата и да дефинирам што сметам дека треба да биде привилегирано. Тоа се граѓаните, тоа се стопнанските комори, кои треба да реагираат соодветно“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања