Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Наместо живот донесоа проблеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickovski

Со СДСМ Македонија назадува. Првиот месец оваа година со само 1% реализирани капитални инвестиции покажува дека и оваа година нема да нови проекти и раст.

— реклама —

Катастрофално лошото менаџирање со државата се гледа на секое поле. Со оваа власт за првпат во историјата јавниот долг надмина 5 милијарди евра и е над 50% од БДП, со што се загрозува солвентноста на државата.

За само две години долгот на државата е зголемен за скоро половина милијарда евра, а во исто време нивото на реализација на капитални проекти е очајно ниско.

— реклама —

Каде и на што се потрошија скоро половина милијарда евра? Да монтираа бројчаник како што ветуваа до сега ќе прегореше од галопирачкото задолжување.

— реклама —

Граѓаните се оптоварени со нови милијарди кои треба да ги враќаат наредните години, а притоа не добиваат ништо за возврат. Нема плата од 500 евра, нема поголеми пензии, нема 600 километри нов автопат, нема ништо од она што го ветуваа.

— реклама —

Наместо подобар живот донесоа повисоки даноци, нови проблеми и безпарица.

Власта ги зави граѓаните во црно и затоа треба да си замине. Поразот на претседателските избори е првиот показател дека граѓаните не сакаат државата да продолжи да тоне.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања