Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Напад врз сопруга, патничка во автобус и малолетно девојче: Три случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
tepacka1

Три одделни случаи на физичко насилство во Кочани и Скопје се евидентирани во полицискиот билтен, а меѓу нападнатите има сопруга, 59-годишна жена и малолетно девојче.

— реклама —

Во Кочани, ОВР Кочани поднело кривична пријава против 43-годишниот Б. О. поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. Според пријавата, на 5 септември во семејниот дом тој физички ја нападнал сопругата и ѝ нанел тешки телесни повреди.

— реклама —

Во друг случај, на 15 ноември, во 17:10 часот, полициски службеници привеле 42-годишен скопјанец во населбата Бутел. Д. М. бил пријавен дека поради недоразбирање во автобус физички ја нападнал 59-годишната В. К. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

— реклама —

Истиот ден, во СВР Скопје бил пријавен уште еден инцидент, кој се случил околу 12:30 часот на подрачјето на Бит-пазар. Според пријавата, Л. А. од Скопје физички ги нападнал својот сосед Р. С. и неговата малолетна внука, при што употребил и тврд предмет, а им упатил и закани со остри предмети.

— реклама —

Полицијата презема мерки за расчистување на последниот случај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

uapsen

По бегството низ прозорец од полициска станица, се предаде 24-годишникот кој физички и психички ја малтретирал партнерката

Македонија | пред 22 минути

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

Кумановка ги терала своите малолетни деца да работат и да питачат

Македонија | пред 24 минути

media-libraryd9mdaq1ot08b2VrEAPc

Проектил од ловечко оружје пронајден на хауба на автомобил во Прилеп

Македонија | пред 25 минути

lovecka-puska

Уапсен жител на Пресил, ловел дивеч без дозвола во крушевско

Македонија | пред 26 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања