Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Напад врз трговски брод неколку дена по повикот на Иран за „нов безбедносен појас“ во близина на Баб ел Мандеб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
media-library423da062v4poeeSeL01

Вооружени напаѓачи отвориле оган врз товарен брод во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен, соопшти британскиот Центар за поморска безбедност (UKMTO).

— реклама —

Според информациите, до товарниот брод се приближило мало пловило со шест вооружени лица. Потоа дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и вооружениот безбедносен тим на бродот, по што напаѓачкото пловило се оддалечило од местото на инцидентот.

— реклама —

„Товарниот брод пријави дека му се приближило пловило со шест вооружени лица. Дојде до размена на оган меѓу малата бродица и вооружениот безбедносен тим на товарниот брод, по што напаѓачите се повлекоа“, се наведува во соопштението на UKMTO.

Надлежните служби започнаа истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот и идентитетот на напаѓачите.

— реклама —

Нападот се случил во близина на теснецот Баб ел Мандеб, еден од најзначајните светски поморски премини што ги поврзува Јемен и земјите од Рогот на Африка, меѓу кои Џибути и Еритреја.

— реклама —

Засега не е познато кој стои зад нападот, но инцидентот привлече дополнително внимание бидејќи се случи само неколку дена откако командантот на иранските сили Есмаил Каани повика на воспоставување „нов безбедносен појас“ од Ормускиот теснец до Баб ел Мандеб.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања