Промени тема
Контакт

Напади, карање и викање: Полицијата интервенирала во повеќе случаи во тетовско-гостиварскиот регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 55 минути -

Македонија
media-libraryoc45q7rtuh0013lrhpy
мвр

Повеќе случаи на нарушување на јавниот ред и мир, како и физички напади, биле пријавени во тетовско-гостиварскиот регион во текот на 24 август.

Од МВР информираат дека 24-годишен тетовец пријавил дека околу 12:30 часот, на улицата „Вон Вардарска“ во Тетово, бил физички нападнат од неколку машки лица. Во врска со настанот, во СВР Тетово сам се пријавил 41-годишен маж од Тетово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Во СВР Тетово, 60-годишен жител на Новаке пријавил дека по претходно меѓусебно недоразбирање бил физички нападнат од 55-годишен маж. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

— реклама —

Физички напад бил пријавен и во Гостивар. 63-годишен гостиварец пријавил дека поради претходно меѓусебно недоразбирање бил нападнат од 46-годишен жител на Чајле. Полицијата работи на расчистување на случајот.

— реклама —

Во друг случај, полициски службеници од ОВР Гостивар ја привеле 30-годишната В.А. од Гостивар, по претходна пријава од 47-годишен гостиварец дека го нарушила јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување. По целосното документирање ќе следува соодветен поднесок.

МВР информира и за случај од 24 март, кога полициски службеници од ОВР Гостивар ги привеле М.Т. (18) и Б.В. (18), двајцата од Гостивар, како и А.С. (18) од гостиварско Мерово. Тие биле приведени по пријава од 55-годишен жител на Србиново, кој пријавил дека група деца подолг период го нарушувале јавниот ред и мир со викање, дрско и непристојно однесување.

— реклама —

По целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryuui5mm42cv9qao0aJTk

Татко го прегазил 6-годишниот син со џип додека возел во рикверц

Македонија | пред 8 минути

614067-ischezna-15-godishna-shtitenichka-na-domot-za-deca-bez-roditeli

Исчезна 17-годишна девојка од тетовско, последно разговарала со својата мајка и рекла дека е во Струга

Македонија | пред 1 час

media-libraryp3d0u4fehc2raPK0ffr

Охриѓанец физички нападнал жена од Скопје која престојувала во неговата куќа

Македонија | пред 1 час

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Возел без возачка дозвола и учествувал во сообраќајка, полицијата му го одзела возилото

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања