Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Напади врз сопруги, мајки и партнери: нови апсења за семејно насилство во Штип, Струга, Велес, Куманово, Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT
Скопје1.мк

Повеќе случаи на семејно насилство се регистрирани во изминатите 24 часа во неколку градови низ државата, при што полицијата лишила од слобода неколку лица и постапува по повеќе пријави.

— реклама —

Според Министерство за внатрешни работи, во Штип бил приведен 55-годишник кој физички ја нападнал сопругата, а според пријавата, подолг период вршел физичко и психичко насилство и врз неа и врз малолетните деца.

Во Куманово, полицијата привела 43-годишен маж кој ја нападнал својата мајка, додека друга 28-годишна жена пријавила дека била физички нападната од поранешниот партнер.

— реклама —

Во Струга, 37-годишна жена од Албанија пријавила дека сопругот, со кого е во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатува закани.

— реклама —

Во Велес, приведен е 40-годишник кој под дејство на алкохол (1,21 промили) физички ја нападнал својата партнерка, прво во дом, а потоа и на улица. За случајот се известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Дополнително, во Скопје, 40-годишна жена пријавила физички напад од партнерот во викенд-куќа по претходна расправија.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 20 часа

— реклама —
media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 21 час

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 21 час

media-libraryqmbje9jkqs4cbXeHqrQ

Двајца мажи тешко повредени со остар предмет при обид да разделат тепачка во казино во Тетово

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања