Нападнат ЛГБТ активист од Тетово: Ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс, планирам да купам пиштол!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bekim-asani

На антидепресиви, никогаш недвижејќи се пеш по улица и секогаш во страв дека некој ќе го нападне живее претседателот на здружението „ЛГБТ Јунајтед“ Беким Асани од Тетово, пишува Слободен печат. Сексуалната определба на Асани небројан број пати го доведе во ситуација да биде тепан, навредуван, напаѓан, па затоа и социјалната изолација и држењето до мал и затворен круг на пријатели и поддржувачи во заедницата е единствениот начин на кој што функционира во услови кога ЛГБТ активистите во Тетово се мета на насилници, а институциите на системот се неми и глуви за да ги санкционираат нивните недела.

— реклама —

– Бев во автомобил, и друго црно големо возило дојде накај мене. Му велам пројди, има место. И тој отвори прозорец, почна да вика и тогаш ми рече ,,А ти си тој педерот”. Излезе од неговиот автомобил, ја отвори вратата од мојот автомобил и ми удри бокс. Уште четворица беа со мене во кола, ми велат, вози остави. Велам не, морам да пријавам во полиција. Тогаш излезе и тој другиот од црното големо возило и ме удри со клоца во стомак и бокс во лице. Потоа си заминаа и полицијата дојде. Направија записник и јас заминав прво дома па в болница зашто повраќав. Таму има камери, се е снимено. Планирам да купам пиштол и јавно да го објавам тоа. Не може секој што ќе ме препознае да ме тепа. Јас сум на антидепресиви секој ден и ова е опстанок. Ама решен сум да живеам тука и да се борам. Веќе седум години не сум се движел пешки во Тетово никогаш, вели Асани за „Слободен печат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања