Промени тема
Контакт

Нападнат товарен брод во Црвеното Море, екипажот испратил повик за помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl
фото: unsplash

Товарен брод бил нападнат денеска во Црвеното Море, во близина на јеменскиот пристанишен град Ал Худаида, соопшти британскиот Центар за поморски трговски операции (УКМТО).

Според првичните информации, екипажот испратил повик за помош, наведувајќи дека бродот бил нападнат од „непознати вооружени напаѓачи“.

— реклама —

Од УКМТО информираа дека е започната истрага за инцидентот, а воедно упатија предупредување до сите пловни објекти што минуваат низ ова подрачје да бидат особено внимателни и веднаш да пријават каква било сомнителна активност.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Нападите врз трговски бродови во Црвеното Море започнаа во 2023 година, кога јеменските бунтовници Хути изведоа серија акции против пловни објекти во регионот. Во меѓувреме тие напади беа прекинати, а Соединетите Американски Држави ги прогласија Хутите за терористичка организација.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања