Две новинарки на француската држaвна телевизија Франс 2 синоќа беа нападнати од група учесници на протестот на „жолтите елеци“ кај местото Булу во јужна Франција.
Новинарките известувале од протестот, кога полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, при што неколкумна од нив го опколиле репортерките и почнале да ги удираат, обвинувајќи ги дека се „продале“ и дека „манипулираат со фактите“.
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа најави дека Владата ќе преземе сторги мерки против лицата кои вршат насилство за време на протестите на „жолтите елеци“.
– Внимателнио следев што се случуваше во земјата во текот на денот и за се бев информиран од министерот за внатрешни работи. Очигледно е дека француското правосудство ќе мора да преземе строги мерки против прекршителите на законот, изјави Макрон.
Тој порача дека на Франција сега и се потребни „ред и консензус“ за да се надминат несогласувањата.
Инаку, вчерашните протести на „жолтите елеци“ во Франција минаа со значително помала масовност во споредба со собирите од минатата сабота.