Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Нападнати вработени во сендвичара во центарот на Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Grabez-pistol

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против  лицето кое изврши разбојништво во центарот на Скопје кај сендвичарата „Вили“  на 17 јули 2019 година, кога со употреба на сила и закана со пиштол нападнал  две лица – вработени во угостителскиот објект.  Осомничениот откако дошол во задниот дел на сендвичарата, се доближил до вработените и им се заканил со пиштол барајќи да му ги дадат парите од платниот промет. Една од оштетените успеала да влезе и да се заклучи во сендвичарата, по што осомничениот продолжил да се заканува на втората оштетена и ги одзел паричните средства кои во тој момент ги имала кај себе. Откако не успеал да ја отвори вратата на сендвичарата, осомничениот се оддалечил, испукал еден проектил од пиштолот и се дал во бегство.

Со дејствијата кои ги презел, осомничениот го извршил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик, за кое што надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка. Едновремено, обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување на мерката притвор ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство,  околности кои што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека постои страв  дека ќе го повтори кривичното дело.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања