Напаѓачот бил убиен од полицајка кога ја нападнал со нож: соопшти австралиската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2024-04-13-at-11.15.12

Помошникот на полицискиот комесар во Сиднеј, Ентони Кук, потврди дека во нападот во трговскиот центар во тој град загинале шест лица, вклучувајќи го и напаѓачот.

— реклама —

Кук потврди дека напаѓачот бил убиен од локална полицајка, која била сама.

„Таа се соочи со престапникот кој ја помина оваа фаза на петто ниво (од трговскиот центар) додека продолжи брзо да оди зад него за да го стигне. Се сврте, се соочи со неа, го крена ножот. Таа пукала од огненото оружје и напаѓачот сега е мртов“.

— реклама —

Кук истакна дека напаѓачот бил во трговскиот центар, а потоа заминал, а потоа се вратил и почнал по случаен избор да боде луѓе.

Тој посочува дека не е познат мотивот за злосторството. На прашањето дали полицијата ја исклучува можноста за тероризам, Кук нагласи дека „не исклучуваме ништо“.

Според луѓето кои биле на местото на настанот во моментот на нападот, напаѓачот носел сечило или голем нож и почнал по случаен избор да ги боде луѓето. Посетителите на трговскиот центар почнале да бегаат, а продавачите ги внесувале во продавниците и ги заклучувале, а потоа преку споредните излези ги изнесувале на улица.

Потсетуваме, околу 16:00 часот по локално време, маса луѓе панично почнаа да бегаат од трговскиот центар откако слушнаа дојава за пукање и прободување. Полицијата потоа накратко изјави дека е во тек операција и дека е застрелан маж. Неговата состојба е непозната.

„Нешто пред 16:00 часот (по локално време, уред.) беа повикани службите за итна помош по извештаите дека неколку лица се избодени со нож. Се повикуваат граѓаните да го избегнуваат овој простор“, соопшти полицијата, пренесува 9news.com.au.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања