Две години казна затвор му е изречена на Сулејман Јамалари, осуден дека физички ја нападнал скопската градоначалничка Данела Арсовска. Кривичниот суд ја изрече пресудата и го огласи за виновен, а во казната му се пресметува и времето поминато во притвор.
Тој ќе остане во притвор се до правосилност на пресудата.
Јамалари е осуден бидејќи ја удрил по лице и раката, а потоа со нога во потколеница. Тој беше гонет за грубо насилство и предизвикување на чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.