Панчо Чупаркоски и неговиот 13-годишен син Милан се жртвите на ликвидаторот Пеце Белото.
Пред да го стори грозоморниот злочин, попладнето во 17 часот, објавил и фејсбук статус со морничава фотографија. Напишал: „Мојата сестра Љуба Чупаркоска и нејзиниот син ... Ми украде и одзеде скоро Сее, останатото им го дадов Сам, но... Не играјте си со оние кои што немаат што да изгубат!“. Потоа го извршил злочинот.
[caption id="attachment_342865" align="alignnone" width="1366"]
Screenshot[/caption]
Пријавата до МВР, дека ги нема Панчо и Милан, дошла во 21:20 минути, кога се јавила мајката односно сопругата на двете жртви, кои биле ликвидирани со огнено оружје. Во куќата е влезено по повеќе од три часа, кога се најдени безживотните тела на двете жртви, но и на ликвидаторот кој се самоубил.
Вечерта кога се случи грозоморниот настан, ликвидаторот имал именден. Жртвите ги намамил додека бил надвор од домот, а потоа, кога ги внел во неговата куќа, им ги одземал телефоните и им се заканувал. Со него освен огнено оружје, имал и бомба. Засега не е познато во кој дел од денот ги извршил убиствата.
Ликвидаторот има низа контроверзни и морбидни објави на неговиот профил на „Фејсбук“. Ги величи Путин и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, напишал „Човекот е најголемото зло на земјата“.
Сомневањата на обвинителот се дека убиствата се сторени поради семејни недоразбирања кои траеле подолг период, а поврзани со имнотно-правни прашања. Ликвидаторот имал 63 години.