Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Напуштањето на Парламентот од страна на пратниците на ВМРО ДПМНЕ е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава, смета Министерство за правда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
loga-minister-696x401-1

„Неосновани се тврдењата на претстедалот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Законот за амнестија ќе се носи во скратена процедура со европско знаменце“, велат од Министерство за правда.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„Министерот за правда Кренар Лога уште од првиот ден, а исто така и на брифингот со медиуми кој се одржа минатата недела јасно кажа дека овој закон нема да се носи со европско знаменце и дека лично тој е против можноста од злоупотреба на европското знаме за носење на закони .

— реклама —

ВМРО ДПМНЕ да не зазема став на празно, кога се информирани уште од првиот дне за сите детали. Законот за амнестија е ист како оној од 2018 година, со истите кривични дела за кои не е предвидена амнестија. Тој закон беше потпишан и поддржан од ВМРО ДПМНЕ. Колку и да ска ВМРО ДПМНЕ да амнестира свои поранешни избрани и именувани лица, таков закон нема дa има.

— реклама —

Во однос на најавите за напуштање на Парламентот од страна на пратниците на ВМРО ДПМНЕ, тоа е добредојдена вест за граѓаните на нашата држава. Немањето став за битни прашања и политиките на блокада подобро се изразуваат со напуштање на Собранието и тоа е гест за поздравување од наша страна. Можеби, господинот Христијан Мицкоски вака сака да и помогне на татковината со отворање простор за изгласување на уставните измени и отворање на патото кон ЕУ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања