ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Народната банка апелира да не се користи готовина, плаќањето да се врши со картички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karticki

Заради заштита на јавното здравје и превенција од коронавирус, Нардоната банка апелира да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички.

— реклама —

Исто така, НБРМ апелира да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство.

За упатување прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата info@nbrm.mk преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви 02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата contact.statistika@nbrm.mk или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125.

— реклама —

Од НБРМ информират дека се откажани учествата на вработените во Народната банка на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти, откажани се сите настани организирани од Народната банка, како и состаноците со надворешни субјекти.

Други мерки што ги презема Народната банка како превенција од ширењето на коронавирусот:

– Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка ќе бидат затворени за посетители;

– Нема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација;

– Приемот на налози за извршување плаќања за државата и државните органи ќе се врши до 11 часот. Подигањето документи за подигање ефектива од трезорот ќе се врши во редовните термини од 13 до 14 часот исклучиво преку писарницата на Народната банка;

– Исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;

– Издавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток, од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банка;

– Приемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели, ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот.

„Народната банка на редовна основа го анализира ризикот од ширење на заразата со вирусот Ковид-19 (коронавирус). Доколку е потребно, овие правила ќе бидат променети“, се наведува во соопштението.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања