Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Народот гладува, а власта троши 5 милиони за возила и други милиони на златни лажици, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
09022022_PVRSM_Kovacevski_Otvoren-Balkan_2

Граѓаните гладува, едвај врзуваат крај со крај, а власта ужива во луксуз. Додека основните трошоци за живот се пораснати двојно за неколку месеци, Владата на СДСМ и ДУИ безобразно ги троши буџетските пари, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Доказ за тоа е и последното истражување кое покажува дека во време на кризи власта потрошила 5 милиони евра за возила на лизинг. Ако на ова ги додадеме и милионите евра за мебел, кафиња, цвеќиња, веб сајтови, хотелски услуги, фстаци, криминални физибилити студии, семејни проекти, златни лажици и слични луксузи, тогаш е јасно зошто народот ни осиромашува, а власта е се побогата и побогата.

— реклама —

Над половина милиот лица живеат со 150 денари на ден, а над 35% од граѓаните се во ризик од сиромаштија. За година и пол 12 илјади компании ставиле клуч на врата, а бројот на работоспособно население се намалило за 215 илјади. Во вакви катастрофални услови власта на СДСМ и ДУИ наместо да превзема мерки, безмилосно троши 5 милиони евра за нови возила.

— реклама —

Ова е доказ дека власта е целосно раскалашена и одлепена од реалноста.

— реклама —

Премногу е! Ова мора да престане. Народот на 18-ти јуни преку протест јасно ќе покаже дека оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања