Промени тема
Контакт

Народот го чувствува националното понижување, а во исто време го гледа дивеењето и насилството на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
arber-ademi-sobranie

Насилството на Арбр Адеми покажува дека нервозата во владеачката коалиција станува се поголемо. Но таквата нервоза нека си ја манифестираат по дома или на партиските состаноци, а не во собранието, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Да навредуваш, влечеш, гаѓаш со тврди предмети и да расфрлаш инвентар не доликува никаде, а најмалку во законодавниот дом.

За ова свое поведение Арбр Адеми треба да одговара пред Јавното обвинителство бидејќи со намера се обиде да нанесе тешки повреди на свој колега пратеник. Ако имаат доблест СДСМ и Ковачевски нема да се прават наивни и да релативизираат туку ќе побараат тргање на имунитетот на Арбр Адеми и одговорност.

— реклама —

Целата јавност го виде насилството на Адеми и тука не им поминуваат оправдувања за хибридни напади, странски служби или играње на национална карта. Адеми дивееше и тоа го виде секој.

— реклама —

Доколку пак на СДСМ и на ДУИ ваквите инциденти им се смислено сценарио за одвлекување на вниманието на јавноста, и тогаш се лажат. Граѓаните ем ќе го запамтат дивеењето и примитивизмот на власта во Собранието, но во исто време ќе го чувствуваат осиромашувањето кое им се случува со двоцифрената инфлација и новото поскапување на струјата.

Граѓаните ќе ги памтат и испадите на Адеми и на Талат Џафери, ама и распродажбата на националните и државните интересеи која се прави на тајните преговори за протоколите кои треба да ги содржат сите бугарски барања.

— реклама —

Граѓаните гледаат со каква насилничка, неодговорна, ненародна и криминогена власт си имаат работа и затоа бараат промени. Тие промени ќе се случат на следните предвремени парламентарни избори“, се вели во соопштението,

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања