„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Народот кажа масовно и гласно НЕ на ултиматуми, денес повторно протест во 19:00 пред Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
11

Вчера граѓаните масовно јасно и гласно кажаа НЕ БЛАГОДАРАМ на ултиматуми и диктати содржани во Предлогот кој Владата на Ковачевски и Османи го прифати. Граѓаните се противат на легализацијата на асимилацијата на Македонскиот народ, понижувањата и идентитетските обезличувања кои е подготвена да ги направи оваа Влада, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„И народот и експертската јавност се уверени дека Владата лаже. Овој договор е истиот кој наводно пред една недела Ковачевски го одби. Со овој Предлог со пропратен документ македонскиот јазик се опишува како западно бугарски дијалект. Со предлог рамката, чиј составен дел се годишните извештаи се опфатени историските прашања, а со тоа и негаторските барања на Софија.

Со Протоколот се предвидуваат промени на учебници за револуционерните дејци како Делчев, Груев, Сандански, за Илинденското востание, Самоиловата држава, но и промени на споменици, музеи, објекти и настани. Во овој протокол, или Годишен извештај како што го нарекува Владата на Ковачевски има конкретни датуми и рокови, што и како треба да се менува. За сето тоа во годишните извештаи македонската страна треба да ја информира Бугарија и доколку таа не е задоволна со спроведената активност рамна на асимилаторска, тогаш повторно и повторно може да поставува вето.

— реклама —

Доколку Владата го прифати предлогот тогаш Македонија самоволно прифаќа вечно преговарање или целосна асимилација на сегашната, минатите и идните генерации.

Владата на Ковачевски во очај преку Османи кукавички се обидува да шири страв и закани. Но ни тоа не поминува. Колку повеќе се закануваат и го лажат народот, толку погласен ќе биде гласот и противењето на народот. Оваа Влада изгуби целосен легитимитет. Таа влада на Ковачевски и Османи не е народна влада и затоа се потребни избори, на кои конечно ќе паднат.

Денес повторно во 19 часот ги повикуваме граѓаните на мирен и достоинствен протест пред Владата против понижувањата и ултиматумите се додека не се откажат од намерата за асимилација на својот народ“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања