Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Народот осиромашува, а Ковачевски и СДС прават „неопходни“ партиски вработувања на блиски од нивната врхушка, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
17062022_PVRSM_Kovacevski_obrakaje-na-Prespa-Forumot_1

Кога антимакедонската СДС се правда за неуспесите се повикува на кризата, ама очигледно нема криза кога се работи за „неопходните“ партиски вработувања со кои ги полни институциите, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Последниот случај е сопругата на пратеникот на СДС од Куманово Мартин Костовски. Имено неговата сопруга Ивана Костовска е од неодамна е нововработена во МНР преку преземање. Колку повеќе Бујар Османи го полни министерството со неопходни партиски кадри, толку повеќе дипломатски порази бележиме како држава. Кој е квалитетот на Костовска исто како и претходно на Бесмира Ејупи, поради кој како неопходни кадри се вработувани во МНР? Дали толку нема други кадри во државата па токму сопругата на пратеникот на СДС Мартин Костовски е ухлебена во МНР?

— реклама —
— реклама —

Државата тоне, народот осиромашува, а Ковачевски, Османи и целата влада предводена од антимакедонската СДС се занимаваат со ухлебувања на блиски на партиските функционери. Околу една четвртина од вработените немаа земено навреме јулска плата, ама тоа Ковачевски не го занима оти е зафатен со неопходни партиски вработувања блиски до врхушката.

— реклама —

Затоа СДС е антинародна и антимакедонска. Нивната неспособност, неодговорност и криминализираност добива епски размери. Излезот е нивно што поскоро заминување од власт и одговорност за целокупната штета која ја направија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања