Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Народот се потешко ги плаќа сметките, а дуото Ковачевски најавува ново покачување на цената на струјата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
03072022_PVRSM-Kovacevski_Mickovski_sredba_1

Ковачевски ја зголеми струјата за граѓаните за 50%, во услови кога 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Народот се потешко ги плаќа сметките, а дуото Ковачевски најавува ново покачување на цената на струјата

Нашите сограѓани кои пред нецела година плаќале во просек 3.000 денари месечно за струја, сега заради Ковачевски плаќаат и по 4.500 денари.

— реклама —

Дотолку полошо ќе биде во текот на грејната сезона, кога голем број на семејства се греат на печки на струја.

— реклама —

Ударот од власта е и врз приватниот сектор. Бизнисите со Ковачевски и антимакедонската СДС плаќаат и по 400% поскапа струја, сега во споредба со лани.

А, во однос на минатата година доколку се погледнат статистиките на ЕВРОСТАТ ќе се види дека македонските фирми плаќале двојно поскапа струја во однос на фирмите од околните држави.

— реклама —

Со антимакедонската СДС и Ковачевски се повеќе наши сограѓани нема да можат да си ги платат месечните сметки, и се повеќе фирми нема да бидат конкурентни на пазарите надвор или ќе ставаат клуч на врата. Затоа е потребно што побрзо оваа власт да си замине. Предвремени парламентарни избори се решението за излез од енергетската криза, со која антимакедонската СДС и Ковачевски не знаат да се справат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања