„Нашава е една од најлошите клетви: Да имаш, па да немаш!“, коментар на денот по инфото за поскапувањето на сирењето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
782443-tamara-jovanov-apasieva-neka-ne-zborat-makar-i-po-dobro

По веста дека сирењето поскапува за 30%, професорката Тамара Јованов упати критика.

— реклама —

„Сирењето ќе поскапи за 30%, бидејќи нема работници и млади кои сакаат да се занимаваат со сточарство, па сточарите се приморани да ги преполовуваат стадата и не се во можност да произведуваат поголеми количини.

— реклама —

Додека се занимаваме со желбите на Бугарија и со сонување дека ЕУ некогаш во неодредена иднина "ќе не' храни", во меѓувреме ни се оставени да пропаѓаат:

— реклама —

Земјоделие, сточарство, природни ресурси, малите бизниси, здравство, образование, младите... ју нејм ит!

Кога ќе ни текне дека сами треба дома да си ги создадеме неопходните услови за живот, без да зависиме целосно од странците, тогаш можеби ќе може да се надеваме дека ќе имаме некогаш пак достапни за јадење леб, сирење, пиперки, домати, лубеници... Нашава е една од најлошите клетви: Да имаш, па да немаш!

За 30 години самостојност, политичарите кои се изредија по 15 години едните и другите, успеаја само клетвава да ја реализираат на дело.

Имавме, сега нема што немаме!“, напиша Јованов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања