„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Насилници од Штип се на распит кај судија - обвинителството бара притвор за двајцата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
devojka-pretepana

Двајцата насилници од Штип се на распит кај судија. Обвинителството бара притвор С.А. и П.Р. од Штип во моментов се на распит кај судија на претходна постапка Олгица Павлова и треба да го слушнат обвинението и да се изјаснат по него.

— реклама —

Во Судот во Штип, тие беа донесени директно од полициската станица со полициско обезбедување. Одлуката на судијката дали ќе бидат притворени или ќе се бранат од слобода се очекува. Во меѓувреме . Основното обвинителство поднесе предлог за определување притвор, под сомнение дека го сториле кривичното дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените во текот на јануари 2020 година, заедно извршиле грубо насилство над оштетената, на начин што отишле во куќата каде престојувала и започнале да ја навредуваат и удираат со тупаници и шлаканици во пределот на лицето и главата. Потоа со влечење ја однеле во влез на станбена зграда каде продолжиле со вршење на насилството. Додека го вршеле грубото насилство, осомничените снимале со мобилен телефон, со кои дејствија кај оштетената и во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, информираат од Обвинителството.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања