Освоените 22 градоначалнички места се поволен тренд која дава добра oснова за успешност и во вториот круг, изјави синоќа во емисијата 360 степени на Алсат телевизија, пратеникот Антонио Миллошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички.
„Резултатот од првиот круг од локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ е успешен и победнички. Освојувањето на 22 општини во првиот изборен круг, од кои што пет општини во градот Скопје, а исто така општини како Пролеп, Велес, Штип, Илинден, Свети Николе и други ни дава за право да сметаме дека ова е поволем тренд кој што дава добра основа за успешен тренд и изборни успеси и во вториот изборен круг“, рече Милошоски.
Не ја исклучи можноста да го поддржат Максим Димитриевски за Куманово во вториот круг. Тој е независен кандидат и во трката е со Оливер Илиевски од СДСМ. Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ не освои доволно гласови.
„Ние во нашиот настап не гледаме да навредуваме други кандити или други политички партии, туку гледаме каде што можеме да победиме заедно со Алијанса за Албанците и Алтернатива. Но, таму каде што не сме во игра да дадеме поддршка на кандидати кои може да победат како што е случајот со Куманово. Ние таму не влеговме во вториот круг, но гледаме дека врз еден од кандидатите се врши полициски притисок и нашите симпатизери ни даваат препорака да покажеме солидарност и да му помогнеме на тој кандидат“, рече Милошоски.