Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Наскоро нови имиња во врвот на СДСМ, Филипче најавува и поширок опозициски фронт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-libraryoqq6ienmaa83dqG1TCs

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, потврди дека наскоро ќе следат промени во раководството и дел од политиките на партијата, но нагласи дека идеолошките принципи на социјалдемократите остануваат непроменети.

— реклама —

На денешната прес-конференција во партиското седиште, Филипче истакна дека опозициската платформа ќе се прошири и ќе биде отворена за сите граѓански организации и политички субјекти кои сакаат да придонесат кон заедничка стратегија против власта.

— реклама —

„Сметам дека ние сме единствената политичка сила која што може да парира и да се соочи со ВМРО-ДПМНЕ. Потребен ни е поширок, посилен и поорганизиран фронт. Тоа е еден дел од лекциите кои ги научивме од локалните избори и сум сигурен дека тоа ќе го спроведеме во периодот кој што претстои,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека во партијата засега нема нови оставки, и дека се работи на комплетирање на тимот по претходно поднесените оставки на дел од членовите на раководството.

— реклама —

„Ја разбирам негативната емоција. Сметам дека се должи на неисполнети очекувања во очи на изборите и ги разбирам луѓето. Сметам дека кога емоциите ќе спласнат, ќе може да се дебатира поразумно и пофер и поотворено бидејќи сите се потребни во партијата. Не сакам да се брзам со процесот, но навремено ќе информираме,“ изјави претседателот на СДСМ.

Со ова, Филипче најави период на консолидација и отворање на партијата кон поширока соработка, како дел од стратегијата за зајакнување на опозицискиот блок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd12cvcl72ad37KjwVDn

Владата го одби амандманот на СДСМ за над една милијарда денари дополнителна поддршка за земјоделците

Македонија | пред 9 часа

— реклама —
media-library5bl037kdm1f1bS9sQDN

СДСМ: Муцунски за Ива Михаилова вели „Непристојно е земја членка на ЕУ да стане прибежиште за бегалци од правдата" - а за Груевски?

Македонија | пред 17 часа

media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

„Левица не само што е руска партија туку и Македонија ја сака во БРИКС“, вели СДСМ

Македонија | пред 19 часа

media-librarynhterufv9d686KaULkj

Трајчулески до Мицкоски: Ќе се откажете ли од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање?

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања