Промени тема
Контакт

Наставата мора да продолжи, преку дијалогот треба да се дојде до решение, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_4157

Штрајкот е легитимно право на секого, но од прекинувањето на образовниот процес никој не може да има придобивка. Основните и средните училишта треба да продолжат да работат да примаат и да го организираат воспитно-образовниот процес за учениците и згрижување на децата во градинките, вели СДСМ

„Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година. Исто така во градинките, процесот на згрижување на децата не смее да се прекинува.

— реклама —

Јасна е потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците, но најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет.

Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%.

— реклама —

Целта на Владата предводена од СДСМ и коалиционите партнери е преку континуираниот дијалог со СОНК, како репрезентативен синдикат, заеднички да обезбедат одржливи и системски решенија во врска со зголемувањето на платите на наставниците и подобрување на нивниот економско социјален статус.

— реклама —

Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања