Денес, во просториите на СОНК, се одржа уште една средба помеѓу СОНК и МОН, во рамките на дополнителниот десет дневен период за помирување.
„Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори. Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13.05.2022 година, за кога е закажана и следната средба“, објави Јаким Неделков, претседател на СОНК.