Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Наставниците уценуваат, учениците се ставени во неизвесност!“, СДСМ со тешки обвинувања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

„Уценувачкиот однос и политичката агенда што ја спроведува раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес. Децата, учениците се ставени во неизвесност“, вели Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

— реклама —

„Со неколкунеделен прекин на наставата се загрозува иднината на над 16.000 матуранти и нивното натамошно студирање.

За штетноста од прекинот на наставата предупредија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ апелирајќи наставниот процес да продолжи.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ како никоја Влада претходно покажа грижа за вработените во образованието и детската заштита.

Преку социјалниот дијалог се дојде до конкретен предлог за зголемување на платите од 12 отсто, како и нов Општ колективен договор и нова методологија за континуиран раст на платите.

Сето тоа во време на најголема светска економска криза.

Одбивањето да се покачат платите во просек по околу 3.000 денари од страна на раководството на СОНК покажува дека платите на наставниците не се цел туку политичката агенда на опозицијата.

Тоа е истата опозиција која овде, во Собранието цела година блокира Закон за поголеми плати на наставниците.

Очигледно се избрза со штрајкот свесно иако во законот за минимална плата стои временски период за усогласување на платите од 6 месеци.

Правото на штрајк и протест е уставно гарантирано право, но правото на образование е исто така уставно гарантирано, кога овие права доаѓаат во судир, правата на децата се поважни.

Никој не смее да ги загрозува правата на децата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата.

Учениците мора да се вратат на настава, за последиците по нивното образование да не станат уште потешки“ додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2024-09-23-at-17.31.00

Огромно незадоволство на членовите на СОНК, оти платите не им се усогласени на професорите

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Македонија | пред 1 година

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски за платите на наставниците: Ова зголемување е најголемото досега

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Се договрија наставниците со државата, откриен процентот на покачувањето

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања