Коалицијата за заштита на децата од родовата идеологија во образованието, општествениот и социјалниот живот, не отстапува од обвинувањата дека во ОУ „Кирил и Методиј“, се реализира реј пропаганда. На нивниот официјален фејсбук профил, оваа организација, обвинува дека директорката на ОУ Кирил и Методиј, се обидува да ја прикрие геј пропагандата која наводно се реализира врз учениците во ова училиште.
“Директорката на ООУ "Св. Кирил и Методиј" од Центар, Соња Кирковска, е разобличена. Со своите лаги и манипулации се обиде да ја прикрие ЛГБТИ+ пропагандата што се врши на првоодделенци! Бараме веднаш да си поднесе оставка и да ги напушти образовните институции како несоодветна и лош пример за децата! Бараме од родителите да ги повлечат лажните изјави и да се извинат на Коалицијата, која се обидува да ги заштити нивните деца, за потпомагање на хајката против неа!“, се вели во реакцијата на нивната фејсбук страна.